Арсенал пукна петарда против Шефилд, хет-трик на Нкетија (Видео)

Арсенал со убедливи 5:0 го совлада Шефилд јунајтед во мечот од десеттото коло во Премиер лигата и му избега на Манчестер сити на второто место на табелата.

Топчиите по денешниот триумф имаат 24 бода, два помалку од лидерот Тотенхем, а три повеќе од Граѓаните кои утре ги очекува градското дерби со Манчестер јунајтед.

Мечот на „Емирати“ го одбележа Едвард Нкетија кој постигна три гола за Арсенал и стана првиот англиски фудбалер од 2015 година по Тео Волкот кој постигнал хет-трик во дресот на Арсенал.

Нкетија резултатот го отвори во 28-та минута, а на стартот од второто полувреме уште двапати ја тресеше мрежата на Фодерингам.

Во 51-та минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна го постигна третиот гол.

Фабио Виеира во 89-та минута од пенал зголеми на 4:0, а во судиското продолжение Такехиро Томијасу го постави конечниот резултат.

Во дуелот на екипите кои ќе се борат за опстанок, Борнмут со 2:1 го совлада Барнли. Гостите поведоа преку Тејлор во 11-та минута, а до крајот на првиот дел, Семењо го израмни резултатот. Победата на Борнмут му ја обезбеди Билинг со голот во 76-та минута. По победата, Борнмут скокна на 17-та позиција со шест освоени бодови, додека Барнли е претпоследен на табелата со четири бода.

- Оглас -

Најнови вести