Арсенал реагира дека е оштетен за пенал во последните секунди (Видео)

Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 во првиот меч од четвртфиналето и тоа во меч кој имаше мноу чуден финиш. Топчиите водеа со 1:0, потоа губеа со 1:2, за на крајот да стигнат до 2:2.

Во финишот на дуелот, англискиот тим се обиде да постигне и трет гол, но не успеа. домаќините жалат што во последниот напад на домаќините не беше досуден пенал за Топчиите.

Сака беше во напад, излезе сам пред Нојер, а потоа имаше контакт со гостинскиот голман. По прегледување на ситуацијата, од ВАР собата само ја потврдија одлуката на судијата дека нема пенал.

Сепак, со овој заклучок не се сложува легендарниот дефанзивец Рио Фердинанд, кој смета дека требало да има чист пенал за Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести