Арсенал сака да го купи Кварацхелија, но тој е среќен во ПСЖ

Грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија нема намера да го напушти Пари Сен Жермен ова лето и покрај интересот од Арсенал, откри неговиот татко Бадри. Крилниот напаѓач, кој има 25 години, е целосно фокусиран на проектот на францускиот гигант и амбициите за нова титула во Лигата на шампионите.

Англискиот клуб долго време се поврзува со негово ангажирање бидејќи менаџерот Микел Артета сака да ја засили офанзивата во летниот преоден рок. Сепак, од ПСЖ не пристигнуваат сигнали дека се подготвени да се откажат од еден од клучните играчи во тимот.

Според информациите, францускиот шампион го смета Кварацхелија за недопирлив дел од проектот, особено по неговите одлични настапи од доаѓањето од Наполи во 2025 година.

Неговиот татко Бадри јасно стави до знаење дека нема простор за шпекулации.

„Тој е среќен во Париз и не размислува за заминување. Целосно е посветен на тимот и на освојување на трофеи“, порача тој, ставајќи крај на гласините за евентуален трансфер.

- Оглас -

Најнови вести