Арсенал само за пет фудбалери неделно за плати ќе издвојува по еден милиони фунти!

Капитенот на Арсенал Мартин Одегард ја продолжи соработката со англискиот премиерлигаш откако потпиша договор до 2028 година. Одегард е еден од лидерите во тимот на Топчиите и сосема очекувано беше негово останување во лондонскиот тим.

„Ова е преубаво место, нема тука многу дилеми. Сакам да сум тука. Во екипата има многу млади играчи. Неверојатно е колку сме поврзани како екипа. Во фудбалот е природно да се има големи амбиции и цели. Јас лично сакам да играм под притисок. Најважен е фокусот, а потоа ќе дојдат и резултатите“, рече Одегард.

Од денеска, Одегард и официјално ќе има зголемена плата која ќе изнесува 200.000 фунти недели. Со оваа плата, тој се израмни со платите кои ги добиваат Мартинели, Сака, Салиба и Габриел. За оваа фантастична петорка вкупно во Арсенал на неделно ниво издвојуваат еден милион фунти.

- Оглас -

Најнови вести