Мал офсајд спречи изедначување на Арсенал против ПСЖ и уште поголема драма на првото полуфинале во Лигата на шампионите.
Микел Мерино постигна гол за 1-1 на почетокот на второто полувреме, но после прегледување на снимка и исцртување на линии, беше утврдено дека Шпанецот бил во недозволена позиција и погодокот е оправдано поништен.
Топчиите силно притискаат, нивните напади се опасни, и тоа е предупредување за гостите дека не треба само да се бранат бидејќи голот им виси.