Арсенал се засилува со голман кој минатата сезона прими 63 гола во Премиер лигата

Арсенал во досегашниот преоден рок успеа да доведе двајца нови играчи, Нуно Таварес од Бенфика и младиот играч за врска од Андерлехт, Алберто Самбија Локонго. Топчиите сега се фокусирани за доведување и засилување на голманската позиција, а изборот падна на Арон Рамсдејл.

Тоа е голманот кој минатата сезона бранеше за Шефилд јунајтед, тим кој испадна од Премиер лигата, и тоа како последнопласирана екипа само со 23 освоени бодови. Рамсдејл беше незаменлив на голот и бранеше на сите 38 меча, во кои прими дури 63 гола.

Топчиите и официјално упатиле понуда до Шефилд, и тоа вредна 30 милиони фунти. Навивачите на Арсенал се гневни затоа што очекуваа нивиот тим да го доведе голманот на Ајакс, Андре Онана, а не да се дадат толку многу пари за голман кој испаднал од Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести