Арсенал – Сити веќе 20 меча по ред играат 2+, Милан ќе прави „хет-трик“

Арсенал – Манчестер сити (17:30 ч.)

Дерби во кое двете екипи имаат своја цел. Арсенал се надева дека ќе може да спои две победи и да ја врати самодовербата, додека Сити ќе се обиде прво да го стигне Лестер и да покаже дека уште може да биде „сенка“ на Ливерпул во трката за титулата.

Двете екипи не се комплетни. Себалос и Џака нема да играат за домаќините, додека Сити ќе биде без Агуеро, Стоунс, Сане и Лапорт. Традицијата вели дека Граѓаните се доминантни на последните пет меча и победуваат, а во просек даваат речиси по три гола. Арсенал четири години чека да се израдува против овој ривал.

Фактот дека на последните 20 меѓусебни средби секогаш имало барем два гола, најавува интересен дуел во Лондон.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

 

Сент Етјен – ПСЖ (21 ч.)

Фактот дека Сент Етјен цели 19 меча чека да се израдува на победа против ПСЖ, доволно зборува за доминацијата на Светците. 13 победи на парижани и шест нерешени е билансот, а историјата вели дека Сент Етјен последен пат дома победил во септември 2008 година.

На последните 12 меча, ПСЖ даде 35 гола, односно во просек речиси по три на меч, што доволно зборува за нивната ефикасност. Сент Етјен и дава и прима голови.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.05)

 

Милан – Сасуоло (15 ч.)

Конечно дојде ред за Милан да влезе во серија победи. Росонерите врзаа два триумфи на гости кај Парма и Болоња, па сега треба на свој терен да направат „хет-трик“. Лошо е тоа што Милан на свој терен сезонава има само две победи во 7 дуели и само 7 дадени гола.

Сепак, Сасуоло е добар гостин кој многу не прави проблеми, па во шест средби на туѓ терен сезонава освои само пет бода. Росонерите имаат пет победи во последните шест меча со овој ривал, па се чека нова радост на фаворитот.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

Фиорентина – Интер (20:45 ч.)

Интер ги разочара своите фанови со испаѓање од Лигата на шампиони, но главен фокус на Нераѕурите секако е Серија А, каде се и лидери. Фиорентина знае да биде опасен ривал, но откако се повреди Франк Рибери, Виолетовите имаат четири порази по ред.

Интер е перфектен на гости со седум победи во седум меча и на тимот на Антонио Конте сигурно му е приоритет да продолжи оваа низа. Традицијата вели дека на седум од последните осум меѓусебни средби, двата тима погодувале.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.00)

 

Шалке – Ајнтрахт (18 ч.)

Шалке нема баш убави искуства против Ајнтрахт во последните пет години. Само две победи за тимот од Гелзенкирхен и дури шест радости за Ајнтрахт. Сепак, сезонава кога Ајнтрахт игра надвор од Франкфурт, има освоено само три бода што го прави најлош гостински клуб.

Предлог тип: 1Х-1 (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести