Арсенал покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане. Германскиот медиум „Билд“ објавува дека германскиот репрезентативец би можело да се пресели на „Емирати“ следното лето како слободен агент.
Лондонскиот клуб веќе почнал преговори со играчот. Клубот стапил во контакт со неговите агенти и започнале првични разговори за можен трансфер. Планот е Сане да пристигне како слободен агент бидејќи неговиот договор со Баерн истекува на крајот од сезоната.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, инсистира на неговото ангажирање. Артета ги познава одлично неговите квалитети од периодот кога работеа заедно во Манчестер сити и знае како најдобро да ги искористи неговите предности.
Дваесет и осумгодишниот Сане му се приклучи на Баерн Минхен токму од Сити во 2020 година за 50 милиони евра. За баварскиот клуб одигра 186 натпревари, постигна 51 гол и оствари 50 асистенции.
Тој е репрезентативец на Германија со 66 натпревари и 14 голови за Бундестимот.