Арсенал трет по ред до 600 победи, Габриел го боцна Тотенхем: Ова ли е лондонско дерби?

Арсенал лесно го доби вечното дерби на Северен Лондон со триумф од 3:1 против Тотенхем и стаса до редок подвиг, до 600-та победа во Премкиерлигата.

Со головите на Смит-Роу, на Обамејанг и на Сака во кус рок од 22 минути во првото полувреме Топчиите стасаа до 600-ката и им се приклучија на Манчестер јунајтед и на Челзи.

Црвените ѓаволи се рекордери со 691 победа, пред Челзи со 601 и сега пред Арсенал со точно 600 меча на кои Топчиите ги освојувале бодовите во лигата што се игра од 1992 година.

Арсенал ја продолжи и серијата без пораз на свој терен протиув вечниот ривал што трае веќе 11 години. Последџне пат Тотенхем го победи Арсенал како гостин во 2010 година, а тој податок очигледно го знае и стоперот на Топчиите, Габриел Магаљаеш кој се пошегува со ривалот со пост на Твитер.

„Ова ли е дербито на Лондон“, напиша Габриел по победата од 3:1 на неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести