На Арсенал му беше доволно едно полувреме за да ја продолжи неверојатната серија против Тотенхем

На Арсенал му беше доволно само едно полувреме, или 22 минути во првиот дел за да го декласира Тотенхем и да ја задржи серијата без пораз на свој терен што трае цели 11 години.

Со головите на Смит-Роу, на Обамејанг и на Сака од 12. до 34. минута Топчиите го декласираа вечниот ривал од Северен Лондон и ги освоија бодовите.

Арсенал славеше со 3:1, а почесниот гол за Тотенхем го постигна Хјунг-Мин Сон во 79. минута само како утеха во незгодниот пораз што продолжи една долга серија.

Тотенхем успеа последен пат да го победи Арсенал на „Емирејтс“ во 2010 година кога во премиерлигашки меч гостите славеа со 3:2.

Арсенал со победата вечерва го стаса Тотенхем, а и двете екипи имаат по 9 бода по шест кола на делба на 10. место.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести