Арсенал учесник во најсмешниот наместен кошаркарски меч во историјата (Видео)

Мечот од втората руска кошаркарска дивизија меѓу Арсенал Тула и Динамо Ставропољ стана хит во светски рамки, но не поради квалитетот кој беше понуден, туку поради начинот на кој кошаркарите решија да го наместат резултатот.

Дуелот заврши со победа на Арсенал од 82:65, но посебно се неверојатни последните неколку минути во кои играчите на двата тима едноставно не сакаа да дадат кош. Тоа посебно се однесуваше за домаќините, кои за 33-тата минути дадоа дури 82 поени, а во последните седум минути не постигнаа ниту еден поен. По водството од 82:56, играчите на Арсенал застанаа и не сакаа да погодат, додека гостите „не сакајќи“ постигнаа девет поени до крајот.

Кошаркарите, едноставно, намерно не погодуваа слободни фрлања, ги губеа топките, поминуваа пет секунди во кои не ја внесуваа топката во игра, ја држеа топкта да истечат 24 секунди за напад без воопшто да шутнат, иако имаа чисти позиции.

На крајот, екипата на Арсенал, која беше лидер на табелата, е исфрлена од втората лига бидејќи клубот од Тула и во минатото го прекршувал фер плејот. Извршниот одбор на Руската федерација реши до крајот на сезоната да суспендира неколку кошаркари на Арсенал, а најлошо помина тренерот на домаќините, Виктор Усков, кој нема да смее да работи до 31 декември 2021 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести