35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Арсенал заработи повеќе од 40 милиони евра за фудбалер кој има одиграно само 10 меча за Топчиите

Францускиот Монако се пофали дека во своите редови го доведе Фоларин Балогун од Арсенал. Трансферот е 40 милиони евра, плус бонусите. Младиот 22-годишен американски фудбалер потпиша договор на пет години со Монако.

Балогун уште како осумгодишно дете дојде во школата на Арсенал и откако ги помина сите младински категории, се избори за место меѓу сениорите. Во јануари минатата година беше испратен на позајмица во Мидлсборо, а потоа играше како позајмен и во францускиот Ремс. Блесна за Ремс и во 39 меча постигна 22 гола, што беше и знак за Монако да реагира и да го доведе во своите редови.

Овој напаѓач за Арсенал одигра само 10 натпревари во сениорскиот тим, а сега си заминува за сума од 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести