13.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Артета им соопшти ужасна вест на фановите на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека капитенот на тимот, Мартин Одегард, се здобил со потешка повреда.

Норвежанецот се повреди за време на последните репрезентативни настапи, а ситуацијата веднаш не изгледаше охрабрувачки.

„Снимките покажаа дека има оштетување, особено на еден од лигаментите во коленото. Ова е сериозно. Ќе го загубиме на одреден период“, изјави Артета.

Отсуството на главниот креативец, кој е од клучна важност за Арсенал, беше забележливо во последниот натпревар против Тотенхем, а ќе се почувствува уште повеќе на дебито против Манчестер сити в недела.

- Оглас -

Најнови вести