4.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Артета: „Мајкл Карик донесе нови идеи, но ние сакаме да доминираме“

Арсенал има предност од седум поени предност пред Манчестер сити и Астон вила на табелата во Премиер лигата, но избраниците на Микел Артета во недела имаат сериозен предизвик. Во Лондон гостува Манчестер јунајтед, големиот ривал на „топчиите“ и тоа по победата во градското дерби над Сити.

„Мајкл Карик донесе нови идеи. Интензитетот се зголеми. Се виде односот на играчите и натпреварот што го одиграа. Очекуваме тежок дуел и се прилагодуваме на тоа. Ние сме домаќини и знаеме колку овој натпревар е важен за нас. Секој меч е различен. На крајот од денот, индивидуалците ја прават разликата. Сакаме да доминираме, да ја наметнеме нашата игра. Без разлика на нивниот пристап, ние сакаме да ги контролираме случувањата на теренот. Манчестер Јунајтед има квалитет да ти создаде проблеми. Има многу спомени од битките меѓу двата тима. Тензијата, ривалството – тоа го прави овој дуел посебен.“ – рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.

- Оглас -

Најнови вести