Тренерот на Арсенал, Микел Артета, решил лично да замине кај големата ѕвезда која сака да ја доведе на „Емирати“ уште летово. Откако три сезони по ред завршуваше на второто место, Артета конечно го одведе Арсенал до титулата и го прекина 22-годишното чекање на клубот за шампионски трофеј.
Сепак, шпанскиот стратег сега сака да биде човекот што ќе го однесе клубот и до европскиот врв бидејќи во сабота Топчиите ќе играат финале во Лигата на шампионие против ПСЖ.
Артета веќе започнал потрага по засилувања за следната сезона, а едно име е на врвот на неговата листа.
Се работи за ѕвездата на Астон вила, Морган Роџерс. Фудбалерот оваа сезона постигна 10 голови и запиша седум асистенции на 37 натпревари во Премиер лига.
Одличните партии на Морган Роџерс му донесоа и место во составот на Англија за Светско првенство, пред имиња како Кол Палмер, Фил Фоден и Морган Гибс-Вајт.
Артета смета дека токму Роџерс е засилувањето што му е неопходно за да добие дополнителен квалитет во нападот.
Но, трансферот нема да биде евтин бидејќи Астон вила за својот играч бара дури 115 милиони евра.

