Артета разочаран по ремито со Чеканите: На некои работи не можеме да влијаеме

Арсенал во последните две кола во Премиер лигата не успеа да победи, ремизираше со Ливерпул и Вест Хем играјќи 2:2, по што медиумите во Англија, сега повеќе шанси му даваат на Манчестер сити во битката за титулата.

Топчиите и против Ливерпул и против Вест Хем, имаа предност од 2:0, но останаа без победите, и таквиот исход го разочара менаџерот на Топчиите, Микел Артета.

„Разочаран сум, повторно одлично го започнавме натпреварот, ја контролиравме играта, но потоа го загубивме компасот. Им дадовме надеж со направениот пенал. Секоја чест за играчите на Вест Хем. Сега ситуацијата е идентична и како пред неколку месеци. На некои работи не можеме да влијаеме“, рече Артета.

Арсенал е лидер на табелата со 74 бода, четири повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку, а згора на тоа на 26 април овие два тима меѓу себе ќе играат на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести