НБА-плејофот вечерва продолжува со првите дуели од конференциските полуфиналиња Детроит – Кливленд и Оклахома сити – ЛА лејкерс.
Пистонс и Кавалирс одиграа по седум меча во првото коло, а откако ги добија мајсторките, сега влегуваат во битка за место во финалето на Истокот. Овие два тима последен пат се сретнаа во плејоф пред 10 години, кога Кливленд предводен од Леброн Џејмс го елиминира Детроит. Клиповите против Орландо покажаа две лица, и квалитет и слабост, им фали искуство. Во регуларната сезона, скорот помеѓу Детроит и Кливленд беше 2-2, а интересно е дека двете ѕвезди на Кавалирс, Донован Мичел и Џејмс Харден, вечерва првпат ќе играат заедно против Детроит. Кливленд против Торонто беше „домаќинска“ екипа, на свој терен победуваше, на гости губеше и тоа му дава надеж на Пистонс, кој ја има предноста на домашниот терен.
Лејкерс и вечерва нема да смета на Лука Дончиќ, тоа е голем хендикеп, и огромен товар ќе треба да понесат останатите, предводени од 41-годишниот Леброн Џејмс. Оклахома сити тандер е актуелен првак, најуспешен тим во регуларната сезона во која четири пати го победуваа НБА-гигантот од Лос Анџелес, па на Езерџиите ќе им треба мало чудо за да триумфираат. Леброн никогаш порано во 23-годишната кариерата не бил толкав аутсајдер како вечерва.


