Артета се однесуваше како да му дојде крајот во Арсенал (видео)

Арсенал ќе се помири со уште една разочарувачка сезона во која, пред сè, ќе остане без трофеј, а притоа може да остане и без пласман во европските купови за првпат по сезоната 1995/96.

Микел Артета беше видно разочаран и делуваше како да ги поминува последните денови на „Емирати“. Нема да биде изненадување доколку биде разрешен до крајот на сезоната бидејќи веќе има шпекулации дека управата на Топчиите е во преговори со Маурицио Сари да биде нов кормилар.

„Разочарани сме, но мора да му се честита на Вилјареал за пласманот во финалето. Се обидовме сè што можевме за да го добиеме овој двомеч. Ако се сумираат двата натпревари, не заслуживме да испаднеме. Во ваков клучен дел од сезоната не можевме да се потрпеме на носителите во екипата од повеќе причини, а токму во вакви моменти ни се потребни да бидат на највисоко ниво. Комплетно ни се промени планот со излегувањето на Џака, во првото полувреме бевме многу пасивни, а потоа наместо да дадеме гол, ние ја погодувавме рамката од голот на противникот“, истакна Артета.

- Оглас -

Најнови вести