Артета сè уште не се откажува од титулата во Премиер лигата иако Сити им го презеде врвот на табелата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека ништо не е готово во трката за титулата во Премиер лигата со Манчестер сити, иако Топчиите загубија во директната пресметка и ја загубија лидерската позиција на табелата.

Сити во претпоследното коло го совлада Арсенал со 4:1, во саботата славеше над Фулам со 2:1 во рамки на 34-то коло, и се искачи на лидерската позиција со 76 бода, еден повеќе од Арсенал кој има и натпревар повеќе.

„Имаме голем квалитет на кој мораме да работиме. Изминатите десет месеци знаевме да ги искористиме. Но, факт е дека трката за титулата повеќе не зависи само од нас, но мораме да го дадеме максимумот до крај, а се останато зависи од Манчестер сити“, изјави Артета.

Арсенал до крајот на сезоната има потежок распоред од Сити, а утревечер го очекува големото лондонско дерби против Челси, кој игра очајно сезонава.

- Оглас -

Најнови вести