Артета смета на Џака, а неговиот агент веќе договорил трансфер

Градското дерби против Челзи кое е закажано за една недела може да биде последен натпревар за Гранит Џака во дресот на Арсенал. Одредени англиски медиуми тврдат дека швајцарскиот репрезентативец се наоѓа пред враќање во Бундеслигата, односно е блиску да оствари трансфер во редовите на Херта Берлин.

Неговиот агент ги потврди шпекулациите и вели дека е постигнат усмен договор, а воедно сите во таборот на Арсенал, вклучувајќи го и новиот менаџер Микел Артета, се свесни за ситуацијата. Управата на Херта веќе подготви понуда од 21,5 милиони фунти за играчот за врска на Топчиите.

„Точно е дека имаме согласност со Херта околу ангажман во зимскиот преоден рок. Во таборот на Арсенал се известени за ситуацијата, ќе видиме што ќе се случи“, истакна Хосе Негура, агентот на Џака.

Инаку, во пресрет на вчерашниот дуел со Борнмут, Артета посочи дека Џака е еден од најважните играчи на Топчиите и дека е меѓу најдобрите играчи за врска во Англија. Шпанецот дури се обидел да го убеди Гвардиола да го доведе на „Етихад“ во 2016 година, пред Џака да ја оствари преселбата од Менхенгладбах во Арсенал за 30 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести