Асенсио со голчиште во 115-тата минута ја однесе Шпанија во суперфинале против Бразил (Видео)

Со гол на Марко Асенсио во 115-тата минута, Шпанија ја победи Јапонија со 1-0 и се пласира во финалето на олимпискиот фудбалски турнир во Токио. Асенсио влезе во игра во 84-тата минута, на местото на Педри, и се покажа како џокер на Шпанците кои во битката за злато ќе имаат тешка задача притив Бразил, кој во полуфиналето на пенали го победи Мексико.

Шпанците важеа за фаворити за златото, но засега имаат само една победа по регуларните 90 минути игра.

Ова е голот на Асенсио вреден финале:

- Оглас -

Најнови вести