Ашковски е блиску до куп-трофејот во Романија, навивачите на Сепси ја игнорираа химната и ѝ скандираа на Унгарија (Видео)

Стефан Ашковски е блиску до освојување на пехарот во романскиот куп, а тимот за којшто игра, Сепси, води со 2:0 на „Ѓулешти“ во Букурешт по 70 минути игра против Волунтари, во финале на кое имаше политички скандал.

Го приредија дел од навивачите на Сепси, кои го игнорираа инотнирањето на романската химна во главниот град Букурешт, а од трибините во нивниот сектор се слушаше скандирање за туѓа држава.

„Унгарија, Унгарија“, оддекнуваше од грлата на неколку илјади навивачи на Сепси, што е скандалозно, иако не е невообичаено бидејќи градот Сфанту Георге има мнозинско унгарско население.

Дури 74 отсто од околу 70 илјади луѓе во градот Сфанту Георге, од каде што е Сепси, се изјаснуваат како Унгарци.

Моментот кога се интонираше химната на Романија и скандалот што го приредија навивачите на Сепси можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести