Голманот на Барселона застана да брани за Шпанија и прими гол што ќе го памети цел живот (Видео)

Голманот Жоан Гарсија имаше одлична сезона во дресот на Барселона и на крајот се радуваше на титулата во шпанското првенство. Со многу блескави одбрани, Гарсија си обезбеди место во репрезентацијата на Шпанија и ќе биде дел од Светското првенство.

Пред три месеци Гарсија дебитираше во шпанската репрезентација во ремито без голови против Египет. Синоќа, Шпанија во Ла Коруња играше против селекцијата на Ирак и повторно не победи. Неочекувано, Црвената фурија одигра само 1:1 против Ирак.

Феран Торес погоди во 16-тата минута за водство на Шпанија, но само десетина минути подоцна се случи потегот што го одбележа дуелот. Ирак беше во напад, Марчас Докси забележа дека Гарсија е подизлезен надвор од својот гол и шутираше директно постигнувајќи спектакуларен погодок.

Докси игра како лев бек, а ова беше јубилеен 30-ти натпревар за Ирак и го постигна првиот погодок. Голманот на Барселона сигурно нема да биде прва опција за мечевите на Мундијалот. Шпанија го има Унаи Симон од Атлетик Билбао, како и првата голманска опција на голот на Арсенал, Давид Раја.

 

- Оглас -

Најнови вести