Ашковски знае каде и е местото на разиграната Македонија (Фото)

Стефан Ашковски одлично се вклопи во националната селекција на Македонија и станува значаен фактор во успешните настапи на нашата репрезентација, која стаса до финалниот бараж меч за учество на Мундијалот во Катар, а бележи одлични резултати во последно време.

Сега не чека нов циклус натпревари во Лигата на Нации, а Стефан на последниот тренинг, денеска, пред патот за Бугарија како да покажува каде и е местото на Македонија во нашата група во Ц сегментот.

И тој и целата фудбалска јавност ја очекува Македонија на врвот во четвртата група во конкуренција со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Почнуваме со меч против Бугарија на 2. јуни во Разград, а јунската испитна сесија ни е со уште три меча.

На петти јуни играме на гости со Гибралтар и потоа дома со Грузија на 9. јуни и пак со Гибралтар во Скопје на 12. јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести