Њујорк и Сан Антонио ги пречекуваат двете најпријатни изненадувања во плејофот

Полуфиналните конференциски пресметки започнуваат со два интересни мечеви на кои според коефициентите, домаќините се големи фаворити. Њујорк е домаќин на Филаделфија, а Сан Антонио на свој терен ќе ја пречека Минесота.

Интересно е дека Филаделфија и Минесота на кои не им се даваа многу шанси да ја поминат првата фаза од плејофот, но направија изненадување. Филаделфија која заврши на седмото место по регуларниот дел на Истокот, губеше со 3:1 во победи, но направи чудо и со 4:3 го елимиинираше фаворизираниот Бостон кој беше на втората позиција на табелата по регуларниот дел.

Минесота важеше за аутсајдер против Денвер, но покажа дека со срце и желба може да се помине секој ривал. Минесота го елиминираше тимот на Никола Јокиќ со 4:2 во победи и тоа откако во последните два меча играа без двајцата најдобри кошаркари.

Токму затоа остануав ноќеска да се види дали Њујорк и Сан Антонио сериозно ќе ја сфатат опасноста или ќе дозволат кикс.

Во понудата има има и над 20 кошаркари од кои се очекува вечерва да бидат на терените на двата меча, а опцијата е да се погоди дали ќе бидат во „плус“ или „минус“ по бројот на постигнатите поени според зададената граница.

- Оглас -

Најнови вести