Асистенцијата на Алиоски и ВАР го оддалечија Тотенхем од ЛШ (Видео)

Лидс го совлада Тотенхем со 3-1 во меч од Премиерлигата на кој Езџан Алиоски имаше клучна асистенција за голот за водство на неговиот тим од 2-1 во финишот на првото полувреме. Популарниот Џани го послужи првиот стрелец Патрик Бамфорд и придонесе за првата домашна победа на Лидс против некој од тимовите кои се пред него на табелата.

Рајан Мејсон не успеа да стане прв тренер во историјата на Тотенхем кој тргнал со три премиерлигашки победи по ред, 29-годишниот стручњак беше надмудрен од искусниот Марсело Бјелса кој е дури 35 години и 327 дена постар од него.

Тотенхем имаше и несреќа при 1-1 да им биде поништен гол на Хари Кејн поради наводен офсајд. Од ВАР собата измерија дека Кејн бил во недозволена позиција, иако навивачите не се убедени во тоа.

Ова е асистенцијата на Алиоски по која на Бамфорд не му беше тешко да погоди:

https://www.youtube.com/watch?v=FKOVjBA4-Ro

- Оглас -

Најнови вести