Асистенцијата на Нејмар беше како да ги споил Иниеста, Чави и Пирло во едно (Видео)

Пари Сен Жермен игра фантастично во подготвителниот период. Светците без поголеми проблеми со убедливи 4:0 го победија шкотскиот првак Селтик во контролен меч. Во трите досега одиграни подготвителни средби, ПСЖ има три победи со гол-разлика од 20 дадени и ниту еден примен гол.

Дуелот против Селтик започна спектакуларно. Уште во првата минута од мечот, тандемот Нејмар-Мбапе покажа колку може да е опасен. Во една акција Нејмар ја прими топката на средината на теренот, делуваше дека е безопасна ситуацијата, но потоа Бразилецот даде неверојатно додавање кај Мбапе, а Французинот рутинирано погоди за водство од 1:0.

Потоа и Нејмар даде гол, и тоа во 25-тата минута, а на почетокот на вториот дел ПСЖ ги смени сите 11 играчи и во игра влезе втората постава, која не попушти во темпото и даде уште два гола за сигурен триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести