АСОМ со соопштение за медиумите: Спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија со соопштение објаснува дека со одлуката на Владата не се затвораат обложувалниците, туку дека во периодот од 7 до 20 април ќе функционира само шалтерскиот систем за уплата.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, АСОМ, информира дека согласно одлуката на Владата донесена на 05.04.2021 година на 63-тата седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места, односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем.
Поконкретно, со одлуката на Владата, приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење шалтерска услуга, а согласно неа, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со корона-вирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот.
Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19.