Шампионот во Либертадорес купот не можеше да го одигра мечот поради дивеењето на навивачите (Видео)

Натпреварот од четвртото коло на Копа Либертадорес помеѓу Индепендиенте Меделин и Фламенго не се доигра поради дивеење на навивачите на домашниот тим. Фановите на Индепендиенте протестираа против раководството на клубот и уште пред почетокот на средбата запалија многу факли, фрлаа ракети и разни предмети на теренот.

Некои од фановите дури втрчаа и на теренот, па јасно беше дека нивна цел беше средбата да не се одигра. Натпреварот беше прекинат само пет минути по почетокот, кога судијата покажа дека фудбалерите на двата тима треба да се повлечат во соблекувалните.

Откако ситуацијата на трибините не се смири, беше донесена одлука дуелот да биде прекинат и се чека која ќе биде следната одлука. Можно е и домашниот тим да добие казна со одземање на бодови, но и целосно затворање на стадионот во Меделин, па Индепендиенте како домаќин да мора да игра на неутрален терен.

Бразилскиот Фламенго е актуелен освојувач на титулата во Либертадорес купот. Бразилскиот тим е лидер и во групата во тековната сезона, каде што во три меча има седум бода. Индепендиенте по три меча освои четири бодови, но многу лесно може да се случи овој прекинат дуел против Фламенго да го загуби службено.

- Оглас -

Најнови вести