Дури 80 отсто од прогнозерите очекуваат Барселона по Ел Класико да стане шпански првак

Финалето на осмата сезона на Спортската прогноза ќе биде викендов, а на понудата има вкупно 13 меча од најсилните лиги во Европа. Возбудувањата ќе започнат в сабота од 13:30 часот, со дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Челзи. Дури 82 отсто чекаат Ливерпул да победи, но тоа и не е толку неверојатно ако се знае дека Челзи има шест порази по ред. Само пет отсто чекаат Челзи да победи.

Еден од поинтересните дуели е тој меѓу Милан и Аталанта, а 77 отсто чекаат Росонерите да слават пред своите навивачи. Последен меч за ова коло и воопшто за оваа сезона ќе биде вечното Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот гигант доволно е да не загуби на „Камп ноу“ за да може и официјално да биде крунисан во старо-нов првак на Шпанија.

Над 60 отсто од прогнозерите чекаат Барселона да победи, а околу 20 отсто очекуваат да биде нерешено. Само 20 отсто очекуваат Реал Мадрид да си замине победнички од Барселона.

Како и секое коло така и сега главен предизвик е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 фиксови. За перфектно типување се добива  iPhone 16. За 12 погодени фиксови следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести