Една од најпопуларните социјални мрежи, „Инстаграм“, спроведе масовно бришење на лажни профили и таканаречени ботови, а најголема цена за таквата активност „платија“ најпопуларните спортисти во светот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Двајцата најпознати фудбалери заедно загубија дури 13 милиони следбеници.
Роналдо остана покус за осум милиони следбеници, а Меси сега има пет милиони следбеници помалку. Секако, намален е бројот на следбеници на сите планетарно познати личности кои имаат свои профили на оваа социјална мрежа.
: Instagram deleted millions of bot and fake accounts last night.
• Cristiano Ronaldo lost over 8M followers
• Leo Messi lost over 5M followers pic.twitter.com/bLO7LkKx4B
— The Touchline | (@TouchlineX) May 7, 2026
Компанијата „Мета“, под чија контрола е „Инстаграм“, започна радикална акција позната под името Instagram Bot Purge 2026. Главната цел на оваа операција е да се зачува автентичноста на платформата и да се спречи измамничко ангажирање. Платформата е систематски исчистена од спам профили, ботови создадени исклучиво за ширење несакана содржина, неактивни корисници, како и неоргански следбеници кои често се користат за вештачко зголемување на бројот и популарноста.
Во официјалното соопштение на компанијата јасно се наведува дека сметките што ги кршат нивните правила се отстрануваат за да се обезбедат автентични интеракции.
И покрај загубените осум милиони следбеници, Роналдо останува најпопуларен на „Инстаграм“ со 666 милиони следбеници, додека Меси е на второто место на оваа листа со 507 милиони следбеници.

