Астон вила договори нов играч, тоа е знак дека Сити го добива 100-милионското засилување

Астон вила го договори трансферот на Леон Бејли, крилниот офанзивец од Баер Леверкузен, кој на „Вила парк“ треба да пристигне за сума од 30 милиони фунти. Клубот ги договори условите со Јамајканецот, по што ќе треба да ги комплетира медицинските прегледи пред да се официјализира соработката.

Овој трансфер е знак дека Астон вила се откажува од својот капитен Џек Грилиш и ќе му дозволи преселба во редовите на Манчестер сити од 100 милиони фунти.

Претходно Астон вила се засили со Еми Буендија од Новрич, а во клубот по една деценија се врати Ешли Јанг како слободен играч по истекот на неговиот договор со Интер.

- Оглас -

Најнови вести