Астон вила е кандидат за титулата, со пресврт го победи Тотенхем и дојде на само два до лидерот Арсенал (Видео)

Во еден од најинтересните мечеви во 13-то коло во Премиер лигата, Астон вила како гостин славеше со 2:1 над Тотенхем и продолжи со одличните игри.

Благодарение на триумфот, Астон вила го прескокна Тотенхем на табелата и сега е четврта на табелата со 28 освоени бода, колку што има и Ливерпул, а лидерот Арсенал има само два бода повеќе.

Тотенхем кој по одличниот старт на сезоната полека почна да паѓа и го доживеа третиот пораз во низа, поведе во 22-та минута со голот на Џовани ло Селсо.

Веќе во следниот напад, Астон вила постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Сепак, до крајот на првиот дел, тимот од Бирмингам успеа да го израмни резултатот и тоа во последните моменти преку Пау Торес.

Во второто полувреме, на сцена стапи Оли Воткинс кој во 61-та минута постигна гол за пресврт и три бода за Астон вила. Ова е негов седми гол сезонава, а има и пет асистенции.
Тотенхем во 84-та минута постигна гол преку Сон, но беше поништен поради офсајд.

Астон вила во следното коло ќе игра повторно на гости и тоа против Борнмут, додека Тотенхем му гостува на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести