Астон Вила го растури Евертон и го закова на дното од Премиер лигата (Видео)

Екипата на Астон Вила ја забележа првата премиерлигашка оваа сезона, откако во рамки на второто коло го декласира Евертон со убедливи 4-0.

Четирите голови беа дело на четворица различни фудбалери, и тоа Мекгин, Даглас Луис, Бејли и Дјуран.

Евертон со овој пораз останува закован на дното на Премиер лигата со нула бодови и катастрофална гол-разлика од нула дадени и пет примени голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести