Астон вила игра магично, за само три дена ги победи и Манчестер сити и Арсенал (Видео)

Фудбалерите на Астон вила продолжуваат со фантастичните игри сезонава и веќе никој не може да каже дека тимот од Бирмингам не е конкурент за титулата.

Астон вила вечерва на „Вила парк“ со 1:0 го совлада Арсенал во 16-то коло од Премиер лигата и дојде на само два бода од лидерот Ливерпул.

За тоа каков тим создаде Унаи Емери најдобро покажува податокот дека Астон вила за само три дена ги победи и Манчестер сити и Арсенал.

Згота на тоа, ова е 15-та победа по ред за Астон вила на „Вила парк“, од кои осум ги оствари сезонава.

Едиствениот гол на мечот беше дело на Џон МекГин во седмата минута.

Арсенал постигна гол преку Каи Хавец во 90-та минута, но судијата Џаред Гилет го поништи бидејќи топката прво удри во раката на Германецот пред да ја смести во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести