Астон вила ја продолжува чудесната низа, Лигата на шампиони и не е толку далеку за нив!

Астон вила минимално со 1:0 го победи Фулам во меч од 33-тото коло на Премиер лигата. Минг погоди во 21-вата минута и тоа се покажа како доволно за нови три бода за тимот од Бирмингам.

Со оваа победа, Астон вила продолжи една фантастична низа. На свој терен има пет победи по ред, и тоа сите без примен гол, а ако се водат последните 10 кола, Астон вила нема пораз.

Благодарение токму на оваа низа, Астон вила стигна до петтото место на табелата и има 54 бода од 33 средби. Манчестер јунајтед  е четврти со 59 бода од 30 дуели, а 59 бода има и Њукасл од 31 натпревар.

Во останатите два меча кои се одиграа вечерва во Премиер лигата, Вулверхемптон со 2:0 славеше над Кристал палас, а Лидс ремизира дома 1:1 против Лестер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести