Астон вила магично ги надигра и ги победи Граѓаните, Црвените ѓаволи го слават Мектомини (Видео)

Фудбалерите на Астон вила продолжуваат со одличните игри сезонава и вечерва го надиграа и го победија шампионот Манчестер сити.

Ова беше седма победа во седмиот меч на Астон вила на својот „Вила парк“ во Премиер лигата, додека Граѓаните сега се во серија од четири натпревари без победа.

Освен што ги победи Граѓаните, Астон вила и ги прескокна на табелата, сега има 32 бода и се искачи на третото место, додека шампионот остана на 30 бода.

Домаќинот беше подобар тим во текот на целиот меч, ги натера Граѓаните повеќе да мислат на сопствениот гол отколку на противничкиот и благодарение на голот на Леон Бејли во 74-тата минута дојде до победата.

Манчестер јунајтед со 2:1 го совлада Челзи во големото дерби од 15-тото коло во Премиер лигата. Херој на Црвените ѓаволи е Скот Мектомини, кој ги даде двата гола за Јунајтед, првиот во 19-тата, а вториот во 69-тата минута.

Челзи пак во првиот дел постигна гол преку Кол Палмер.

Со победата Манчестер јунајтед дојде до 27 освоени бода и се наоѓа на делба на петтото место на табелата, додека Челзи остана на 19 бода и е десетти.

- Оглас -

Најнови вести