Астон вила немаше домашен пораз сезонава, а вечерва Њукасл доминираше на „Вила парк“

Астон вила имаше освоено 28 бода на први десет премиерлигашки мечеви на свој терен, а вечерва го претрпе првиот домашен лигашки пораз сезонава, и тоа од Њукасл со 1-3.

Вила дома немаше пораз речиси една година, уште од февруари 2023. Астон вила на двата меча против Њукасл сезонава прими вкупно 8 голови.

Фабијан Шер немаше дадено гол од претходните 73 шута кон противничките голови во Премиер лигата, а вечерва од два шута даде два гола.

Вила со победа ќе се израмнеше со Арсенал, кој е втор на табелата, а вака останаа четврти. Астон вила уште нема победа во новата 2024 година, додека за Њукасл ова беше прва победа во календарската година и само втора гостинска победа сезонава.

- Оглас -

Најнови вести