Астон вила победи во најскапиот меч во историјата, а газдата загуби 30 милиони фунти

Астон вила вчера го победи Дерби каунти со 2:1 и се врати во Премиер лигата за следната сезона. Овој дуел беше најскапиот во историјата на фудбалот, а клубот од Бирмингем на крајот се радуваше. Освен играчите, навивачите и газдите, на успехот на Астон вила се радуваше и поранешниот сопственик.

Ренди Лернер реши да го продаде клубот, кога Астон вила испадна од Премиер лигата. Тогаш какко купувач се најде кинескиот бизнисмен Тони Џи, кој плати 76,2 милиони фунти. Но, тоа не е конечната сума која новиот газда треба да му ја исплати на поранешниот сопственик.

Во договорот стоела клаузула, според која Лернер треба да добие дополнителни 30 милиони фунти, ако Астон вила во следните три години успее да се врати во Премиер лига. Вчерашниот меч на „Вембли“ беше последна шанса за таа клаузула да биде активирана и тоа се случи. Екс газдата на Астон вила сега е побогат за 30 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести