Аталанта доведе одлично засилување „за ситно“

Аталанта го официјализира трансферот на Виктор Коваленко од Шахтар, украинскиот играч за врска потпиша четири и полгодишен договор со Божицата.

На Коваленко му истекуваше договорот со украинскиот гигант во јуни годинава, па затоа Аталанта успеа да добие одлично засилување само за 700.000 евра.

Коваленко е второ зимско засилување на Аталанта по ангажманот на Јоаким Меле, белгискиот десен бек кој од Генк пристигна во Италија за сума од 11 милиони евра.

Инаку, Украинецот е производ на академијата на Шахтар и пред овој транфер запиша 200 настапи за украинскиот гигант, во кои забележа 32 погодоци и 12 асистенции, освојувајќи по четири лигашки и куп-титули со клубот од Донецк, како и два трофеи во украинскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести