Аталанта го купи играчот што го сакаше Милан, но Росонерите немаа доволно пари

Аталанта постигнала договор со Локомотив Москва за трансфер на Алексеј Миранчук, пренесуваат италијанските медиуми.Офанзивниот играч за врска неодамна беше на преговори со Милан, но на крајот Аталанта беше поконкретна со понудата и успеа да го добие во своите редови.

Миранчук ќе потпише петгодишен договор со Аталанта, која ќе плати 14,5 милиони евра за комплетирање на трансферот на 24-годишниот Русин. Локомотив ќе добие и одреден процент од следниот евектуален трансфер на фудбалерот за кого се верува дека има голем потенцијал и може да напредува.

Овој трансфер на Алексеј, всушност значи и негово разделување од братот близнак Антоан кој останува во дресот на Локомотив.

 

- Оглас -

Најнови вести