Aталанта се засили за ЛШ, потпиша Муриел

Аталанта го официјализираше трансферот на Луис Муриел од Севилја за сума од 15 милиони евра. Колумбиецот потпиша четиригодишен договор со тимот од Бергамо, кој доведен да го засили составот на Гасперини во пресрет на историскиот настап во Лигата на шампионите.

Муриел во летото 2017 година ја напушти Серија А и го облече дресот на Севилја, а во изминатиот преоден рок замина на позајмица во Фиорентина, каде настапи на 23 натпревари за Виолетовите и постигна осум гола.

Аталанта претходно го доведе младиот италијански дефанзивец Марко Варниер, кој пристигна од редовите на второлигашот Цитадела, во најскоро време треба да се реализира трансферот на Марио Пасалиќ од Челзи, кој изминатава сезона беше позајмен на тимот од Бергамо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести