Атанасов очекува голема битка во Тбилиси: Ќе бидеме поагресивни, имаме одлични млади играчи што се жедни за успех (Видео)

Јани Атанасов допрва треба да го потврди својот раскошен талент со добри настапи во А репрезентацијата, а играчот на сплитскиот Хајдук верува и во себе и во Македонија и очекува голема битка и победа во Тбилиси против Грузија на 23 септември.

На „Динамо арената“ ќе играме клучен меч за првото место и сè освен убедлива победа дефинитивно ќе значи дека Македонија нема да има шанси за пробив во повисок ранг на натпревари во Лигата на нациите, односно ќе остане во Сегментот Ц.

„Не сме комплетни и ни фалат неколку репрезентативеци, но затоа сме ние тука, за да дадеме сè од себе. Очекуваме селекторот да подготвки тактика за успех, а ние да ги исполниме зададените задачи на теренот.

Мораме да играме поагресивно од претходниот меч со Грузија, кога нè победија во Скопје со 3:0.

Имаме доста квалитетни млади играчи и жедни сме за успех на Македонија. Одиме на победа во Грузија“, изјави Атанасов.

Јани лани дебитираше за сениорската селекција на Македонија во победата против Ерменија од 5:0, а сега го очекува вториот настап во дресот со националните обележја.

Jani Atanasov – izjava – YouTube

 

- Оглас -

Најнови вести