Атиџе има поголеми шанси од Антонио Бандерас за Оскар

Македонскиот филм „Медена земја“ ќе има две шанси да освои Оскар и да ја испише најсјајната историја во македонската филматографија. Филмот во кој се опишува животот на последната собирачка на мед од диви пчели во Европа, Атиџе Муратова верува дека ќе се покаже нејзината филозофија како точна.

„Половина за нив, половина за мене“, вели Атиџе во филмот, објаснувајќи дека не го собира целиот мед, туку мора да остави и за пчелите. Со истата филозофија, таа верува дека од двете номинации ќе има барем еден Оскар, односно еден за Атиџе, а другиот за нив.

„Медена земја“ е номиниран во категориите најдобар интернационален филм и најдобар документарен филм. Во двете категории, македонскиот филм е на второто место според шансите за Оскар. За најдобар интернационален филм, коефициентот за победа на „Медена земја“ е 15, во понудата на Sport Life. Интересно е што филмот во кој игра прославениот Антонио Бандерас има коефициент 20, односно е со помали шанси од тој на Атиџе. Сепак, како голем фаворит за Оскар е азискиот „Паразит“, на кого шансите за Оскар се 1,02.

Поголеми шанси за Оскар, „Медена земја“ има во категоријата за Најдобар докиментарец, каде коефициентот за победа е 5. Во оваа категорија, прв фаворит е „Американска фабрика“ со квота 1,50.

Во понудата на Sport Life може да се обложите на најдобар актер и актерка, најдобар филм, најдобар режисер, и секако споредните машки и женски улоги.

И оваа година домаќин на Оскарите ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, Лос Анџелес.

 

- Оглас -

Најнови вести