Вртоглаво се зголемуваат шансите: Атиџе подготвена да ги израдува сите оние кои уплатија на „Медена земја“ за добивање на Оскар

Можно ли е вечерва на сцената во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, со статуетка од Оскар наградите да се појави Атиџе Муратова? Жената која целиот свој живот го поминала надвор од цивилизација, во овчеполско село Бекирлија, собирајќи мед од диви пчели, ќе биде една од ѕвездите на вечерта на најпрестижната церемонија за доделување на филмски награди во светот.

Македонскиот филм „Медена земја“ каде токму Атиџе е во главна улога, е во исчекување на добивање два Оскари. „Медена земја“ е еден од фаворитит за добивање на Оскар во категоријата Најдобар документарен филм, додека според коефициентите е втор фаворит и во категоријата Најдобар интернационален филм.

За Атиџе и „Медена земја“ од час во час с ѐ повеќе се слуша, а растат и шансите дека вечерва може да се случи историски момент, односно Македонија за прв пат да добие Оскар. Досега, како дел од Оскарите, пред повеќе од 20 години беше филмот „Пред дождот“, но за жал фимот на Милчо Манчевски не ја освои статуетката за која сега се бори „Медена земја“.

Пред заминување за Лос Анџелес, Атиџе оптимистички најавуваше дека очекува да добие барем еден Оскар, а другиот како што и вели нејзината филозофија „пола за мене, пола за нив“, односно вториот би го оставила на конкуренцијата.

Доколку верувате во тоа дека „Медена земја“ ќе освои Оскар, уште имате шанси да се обложите во Sport Life. Освен во категориите каде е македонскиот филм, понудата за обложување има и во сите останати категории. Типувајте и вечерта нека ви биде уште повозбудлива за гледање на „Оскар“.

 

- Оглас -

Најнови вести