Атиџе со нова фризура ќе им им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо на Оскарите (Фото)

Атиџе Муратова со нова фризура отпатува кон Лос Анџелес, каде што ќе биде дел од најпрестижните филмски награди во светот, популарните Оскари. Муратова е главниот лик во филмот „Медена земја“, кој има две номинации за добивање на вредната статуетка.

„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и ѝ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“,  напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.“

„Медена земја“ е во конкуренција за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм. Во двете категории македонскиот филм се надева на освојување Оскар. Досега никогаш македонски филм не освоил Оскар. Пред повеќе од две децении на Оскарите учествуваше „Пред дождот“, но не беше избран за Оскар.

Според коефициентите во Sport Life, за освојување Оскар во категоријата Најдобар интернационален филм, коефициентот за „Медена земја“ е 13. Тоа е втор коефициент според вредност. Единствено пред македонскиот филм е корејскиот филм „Паразит“, кој важи за голем фаворит и коефициент 1,02.

Многу пореални се шансите „Медена земја“ да се израдува во конкуренција за Најдобар документарен филм. Таму коефициентот е 3,85 за победа на македонскиот претставник, а прв фаворит е „Американска фабрика“ со коефициент 1,70 за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести