Атлетик Билбао е во форма, но на „Олимпико“ е поблиску до пораз

6032 Ајакс – Бешикташ (21.00 часот)

Ајакс и Бешикташ играа и квалификации за да влезат во лигашката фаза од Лигата на Европа, а ова е едно од дербијата на вечерта во второто по квалитет натпреварување во Европа. Бешикташ е во добра форма, последниот пораз го претрпе во мај. На сите нивни мечеви сезонава паѓаа барем два гола. Чиро Имобиле даде четири гола на последните четири меча и тој е главната опасност за Ајакс. Тимот од Амстердам ретко губи дома, тие се големо име и може да се очекува ефикасна игра на овој меч.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.84)

 

6033 Рома – Атл. Билбао (21.00 часот)

Рома е фаворит против Атлетик, а за шпанскиот тим оваа сезона во ЛЕ е голем предизвик бидејќи финалето ќе се игра кај нив во Билбао. Волчицата викендов дома го порази Удинезе со 3-0 и имаше успешна генерална проба пред дуелот со Баскијците. Атлетик во шпанската лига има серија од три победи по ред, сезонава губеа само од Барселона и Атлетико Мадрид. Билбао уште од февруари нема играно нерешено на гости.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.40)

 

6035 Ајнтрахт – В. П’лзењ (21.00 часот)

Германскиот тим е голем фаворит на хартија, квалитетот, а и искуството од играње важни европски мечеви е повеќе на нивна страна. Викторија викендов претрпе тежок пораз од Славија Прага во чешката лига и разнишани одат во Франкфурт кај Ајнтрахт, кој во саботата дома победи со 2-0 против Борусија Менхенгладбах. Овие два клуба никогаш порано не играле меѓу себе.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.87)

 

6037 Лион – Олимпијакос (21.00 часот)

Двата тима се во променлива форма. Во последните три лигашки мечеви и едните и другите имаа по една победа, пораз и реми, и тоа истиот викенд и победуваа и губеа. Во минатото, Олимпијакос двапати има гостувано кај Лион и двапати губеше минимално. Французите се фаворити, но далеку од тоа дека лесно ќе победат. Грчкиот тим знае повремено да изненади на гости.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.13)

 

1404 Селта – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Во Атлетико беа многу незадоволни што мечот се игра вечерва бидејќи ќе имаат два дена помалку за одмор и подготовка за дербито со Реал в недела. Атлетико не знае за пораз сезонава, има по три победи и нерешени игри, а Селта не знае за реми, во првите шест кола или победуваше (дома) или губеше (на гости). Сите мечеви на Селта сезонава беа „Гол-Гол“ и 3+ голови. Традицијата е на страната на Атлетико, кој победуваше на последните четири гостувања на „Балаидос“.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести