Атлетико Мадрид го доби дербито против Реал Сосиедад со 2-0 и сега мадридските Јорганџии се први на табелата со три бода предност пред Реал Мадрид, а имаат и еден меч помалку од градскиот ривал. Откако Диего Симеоне е на клупата на Атлетико, овој тим никогаш не ремизирал на „Аноета“, има шест победи и четири порази.
Ермосо и Љоренте беа стрелци на головите за Атлетико, кој сезонава има примено само пет гола, од кои два на дуелот со Реал Мадрид. Ако се изземе тој меч со Кралскиот клуб, Атлетико има примено само три гола и само две ремија, сите други ривали ги победија. Атлетико сезонава има дадено пет гола со глава и заедно со Гранада се најопасни во овој елемент.
Ова е голот за 2-0, со кој гостите ја потврдија победата:
https://twitter.com/i/status/1341477976572104704