Атлетико доведе уште едно засилување од Бенфика

Младиот српски напаѓач Иван Шапоњиќ е шестото летно засилување на Атлетико Мадрид. Тој доаѓа од редовите на Бенфика, каде што во претходниве три години настапуваше за тимот Б на португалскиот првак без да добие прилика меѓу сениорите.

Шапоњиќ претходно ги помина медицинските прегледи и потпиша тригодишен договор со Јорганџиите, а сумата на трансферот засега останува непозната. Дваесет и едногодишниот голгетер ќе има прилика повторно да соработува со Жоао Феликс, кој пред неколку дена стана рекордно засилување на Атлетико за сума од 126 милиони евра.

Останува да се види дали Шапоњиќ ќе добие шанса во првиот тим бидејќи конкуренцијата е голема во нападот. Покрај Феликс, тука е и Мората, како и Диего Коста и Никола Калиниќ, кои се наоѓаат на излезна врата, додека мадрискиот клуб веќе извесно време не смета на Антоан Гриезман, кој е пред преселба во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести