Атлетико е зијан со Лемар, ќе го врати во Франција

Лион му нуди камбек во францускиот шампионат на Томас Лемар, а сè поизвесно е дека и Атлетико Мадрид ќе прифати трансфер на францускиот офанзивец, кој не се снајде најдобро во новиот клуб.

Во 2018 година Атлетико го плати Лемар 70 милиони евра, но за возврат не доби речиси ништо од францускиот репрезентативец.

Томас постигна само три гола на 61 меч, колку што одигра досега за популарните Јорганџии, а сезонава сè уште нема гол, ниту асистенција.

Лион му нуди да се врати во родната земја, а Атлетико сака да го сопре зијанот со големата плата што му ја исплаќаат на Лемар, па можно е 24-годишниот играч да настапува за Лавовите, а повторно да игра во Лига 1 откако претходно ги бранеше боите на Монако.

- Оглас -

Најнови вести